Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Тушевска: Зголемено производство и извоз на земјоделски производи, реалната и редовна поддршка на Владата дава резултати

Пред две години во земјоделство затекнавме институции во застој, нерешени предмети, неисплатени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред две години во земјоделство затекнавме институции во застој, нерешени предмети, неисплатени плати и субвенции, блокирани проекти и континуиран пад на земјоделското производство, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Јулија Тушевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Само кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за цели 17 месеци, додека бројни обврски од периодот 2020 – 2024 останаа нерешени и над 1.600 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство повеќе од 4 месеци беа оставени без плата, здравствено и пензиско осигурување.

За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја смени оваа слика и денес Македонија бележи раст на земјоделското производство и на извозот, така во 2025 година извозот на земјоделски производи и преработки достигна 417 милиони евра, со суфицит од 215 милиони евра.

Реклама

Според Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко е зголемено за 2,7 проценти, овчото млеко за 4%, се зголеми и производството на свинско месо со што се задоволува целокупната количина која е потребна за домашниот пазар. Лани се произведоа и откупија околу 300.000 тони пченица, количина што ги задоволува домашните потреби.

Паралелно со растот на производството, ја реализиравме и најважната обврска кон земјоделците, редовна и навремена исплата на субвенциите.

Од кога ја презедовме власта, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  до денес исплатени се повеќе од 15 милијарди денари субвенции, а само во првите месеци беа исплатени околу 4 милијарди денари заостанати средства.

Субвенциите во сточарството ги зголемивме за 50 проценти и се укина непотребната бирократија со двојното пријавување, со што спречивме околу 7.000 земјоделци да останат без финансиска поддршка.

Од друга страна, обезбедивме поголема поддршка за производителите, така што откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари за прва класа и се донесе долгоочекуваната методологија за пресметка на производната цена на винското грозје, што резултираше со највисоки откупни цени за лозарите и зголемување од 25%.

Посебно внимание посветивме на младите земјоделци за кои се одобрија 117 проекти со финансиска поддршка од 69 милиони денари, што претставува повеќекратно зголемување споредено со периодот на власт на СДСM.

Промоцијата и модернизацијата на македонското земјоделство со современа технологија беше еден од приоритетите, за таа цел се склучија 57 договори во вредност од 34 милиони денари за набавка на специјални комбајни за ориз и мини сушари, како и над 110 договори во износ од 16,5 милиони денари за поддршка на локални саеми и манифестации.

Овие бројки покажуваат дека кога има одговорно управување, резултатите не изостануваат, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжува со работа и со политики што носат развој, сигурност и подобар живот за секој земјоделец.