Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје.

На минатото рочиште, на предлог на одбраната, беше сослушано вешто лице Владимир Даниловски. Одговарајќи на прашања од одбраната, Даниловски појасни дека предмет на неговата анализа не бил изборот на онколошка терапија, туку утврдување на евентуалните последици од медицинските постапки.

Реклама

– Предмет на ова вештачење не беше избор на најдобра можна онколошка терапија, туку судско-медицинска постапка на последиците од применето лекување. Мојата задача беше да утврдам дали постои конкретно докажана штета, дали дошло до влошување на здравствената состојба како последица на терапијата, дали терапијата го забрзала фаталниот исход и дали постои медицински докажана причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица – изјави вештакот.

Тој нагласи дека кај ваквите случаи не е доволно да се утврди отстапување од упатствата за дозирање или примена на лековите.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.  

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.