Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Текстилците се жалат дека ниту со награди не можат да ги задржат работниците – тие спасот го бараат во странство

Ни  едократни награди, не можат да го решат недостатокот на кадар во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ни  едократни награди, не можат да го решат недостатокот на кадар во текстилните компании.  За да стимулира  нови вработувања, менаџерскиот тим на светикиолските компании „Мода„ и „Камотекс„ реши  со по 5000 денари го награди секој вработен кој ќе доведе нов работник. Но примерот од европските земји, кај нас не се покажа како успешен. Заинтересирани работници има, но тие не одговараат на потребните квалификации, објаснуваат мнаџерите..

„Има зголемен интерес, но не е е тој квалитет на работници кои ние го очекуваме. Доаѓаат повеќе луѓе за рачна работа кои не се нафаќаат да работат на машини, кој немаат искуство со машинска работа„ вели Ангел Димитров – менаџер на МК„Мода„ Свети Николе.

Ова само ја потврдува тезата  дека за неколку години недостигот на работна сила ќе биде огромен и сериозно ќе влијае на производството. Недостиг од кадар има во речиси секој сектор.  Работната рака старее, па компаниите се принудени, нудејќи повисоки К-15 и плати буквално еден од друг  ги крадат квалификуваните работици.  Но според светиниколчани наградата да биде и поголема ќе нема кој да ја земе, бидејќи сите работоспособни си заминаа во странство.

Реклама

„Тешко тука работници, младите си заминаа во странство. Барат работници ама нема. Да можеме ние да се вратеме назад да работеме, ама тешко.  Сите си аминаа во Германија, Италија, Швајцарија. Имат потреба од работа, ама платите овде се мали, па затоа бегат на страна„ велат анкетираните светиниколчани.

Според последниот попис околу 100.000 граѓани, кои во 2002 биле на возраст од 15 до 19години, а денес би имале 29 до 35 години, не живеат во државата. Но не само демографското преструктирање е причина за намалената работна сила. Фабриките во ТИР зоните се сериозен опонент на македонските компании. Од  три отсто од луѓето кои секоја година заминуваат  од кај нив, еден отсто наоѓаат нови работни места во директните странски инвестиции.  

Александра Ристесвска