Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

26 јули 1963 година. Утро кое жителите на Скопје никогаш нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

26 јули 1963 година. Утро кое жителите на Скопје никогаш нема да го заборават. Земјотрес со јачина од 6,1 според Рихтер ја потресе земјата, а за само неколку секунди голем дел од градот беше разурнат. Домови, куќи, згради, училишта беа оштетени или целосно срушени. Во катастрофата загинаа повеќе од 1000 луѓе, а повеќе од 3000 беа повредени. Илјадници семејства останаа без покрив над глава.

Овде, времето пред 63 години застана во 5 часот и 17 минути. Часовникот зад мене и денес сведочи за едно од најтрагичните утра во Скопје – утрото кога разорниот земјотрес го погоди градот и за само неколку секунди остави зад себе пустош.

Оние кои го преживеале земјотресот, се сеќаваат на тој кобен ден и раскажуваат за големата несреќа. Владанка Јаневска која тогаш имала 13 години вели дека целиот град бил срамнет.

Реклама

Спиевме, и јас наеднаш се најдов под кревет, а мајка ми вика, вика по нас, што побргу надвор да излеземе. Сите излеговме, не само ние, него и сите комшии. Потоа спиевме надвор, ни донесоа шатори и на нас и на комшиите и така спиевме.“- вели Владанка Јаневска.

Стравот од нови потреси ги натерал скопјани да ги поминуваат ноќите надвор.

„Наеднаш туку ќе видиш некој се гушкаат, се виделе дека се живи, се гушкаат и плачат. Видовме една зграда целата беше срушена и висат купатилата, шољи, кади, виси тоа на ѕид што останало. Така да беше вистина страшно.“- вели Владанка.

Во тие тешки денови, Скопје сепак не остана само. Помош пристигнуваше од сите страни на тогашната Југославија, но и од целиот свет. Спасувачки екипи, лекари,војници и доброволци помагаа во спасувањето на преживеаните и расчистувањето на урнатините. Донации со храна, облека, лекови и шатори. Луѓе од различни земји се обединуваа во Скопје со цел да застане на нозе.

По катастрофата започна и огромниот процес на обнова. Јапонскиот архитект Кензо Танге изработи визионерски урбанистички план за обнова на македонскиот главен град. Скопје постепено се реконструираше. Во годините што следуваа беа изградени нови населби, училишта, болници и јавни објекти.

Денес, 63 години подоцна, Скопје живее со споменот на трагедијата, 26 јули останува ден за сеќавање и потсетник дека со сплотеност и соработка може да се надминат дури и најтешките трагедии.