Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Сезона на пожари: Скопје два дена по ред се соочува со пожари кои шират густ црн чад што го загадува воздухот

Црн и густ чад претопладнето се прошири низ Скопје чии жители повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црн и густ чад претопладнето се прошири низ Скопје чии жители повторно дишеа загваден воздух. Причината се два пожара кои избувнаа во околината на Визбегово и кои се проширија кон Шуто Оризари. Објекти за среќа не се зафатени, но проблем е што гори отпад, сува трева и вегетација. Од Центарот за Управување со Кризи од утрината се на терен, а во гаснењето помагаат и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Пожарот во Шуто Оризари кај Џиди Комерц сеуште чади, запалено е ѓубриште и пластика и се шири непријатана миризба. Екипите на БППЗ на Град Скопје интервенираат во негово гаснење“, велат од Центарот за управување со Кризи.

Низ државата во моментов се регистрирани седум пожари од кои пет се активни. Најсериозно е во Старо Нагоричане, каде гори сува трева. Во околината на Дојран гори шума, а голем густ црн чад бил забележан и покрај автопатот од Велес кон Штип, кај Чолошево, во близина на Јавното комунално претпријатие „Дервен“. Од претпријатието велат дека не гори депонијата туку сува трева, грмушки и ниско стеблеста шума во нејзината околина:

Реклама

„Станува збор за пожар на ниска вегетација и сува трева во близина на депонијата. Состојбата се следи и се преземаат активности во координација со надлежните служби за спречување на ширење на огнот“, соопштија од Јавното комунално претпријатие „Дервен“

Од Центарот за управување со кризи велат дека досега низ Македонија изгаснати се два пожара, во Долнени кај селото Житоште, во близина на училиштето, каде исто така горела ниска вегетација и сува трева и во село Кукуречани битолско, каде горело ѓубре.