Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Работилница во Битола со уметници од НР Кина – Сончевите периоди како музичка инспирација

Уметници од НР Кина, членови на симфонискиот оркестар од Нингбо, во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уметници од НР Кина, членови на симфонискиот оркестар од Нингбо, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржаа работилница посветена на 24-те сончеви периоди како музичка инспирација на тамошните уметници.

Магичното музичко патување низ 24-те сончеви периоди е составен дел на позната мудрост на кинескиот народ, вкоренета во набљудувањеот на природата, следењето на нејзиниот ритам и призната од УНЕСКО како светско нематеријално културно наследство, истакна Шуеид Си Уа, раководителка на работилницата и членка на симфонискиот оркестар.

-Со големо задоволство гостуваме во Битола, збратимен град со нашиот Нингбо. Во еден ден воочивме големо културно историско наследство и со задоволство со домашниот аудиториум ќе споделиме дел од нашето културно историско наследство, со посебен акцент на природата. Ние со гордост говориме за 24-те сончеви периоди. Во древни времиња, нашите преддци, времето не го мереле со бројки, напротив тие ја ценеле хармонијата меѓу човекот и природата. Уште во времето на динаситијата Шанг, биле дефинирани четири клучни поими, пролетна рамноденица, есенска рамноденица, зимска краткоденица и летна кракоденица. Овие промени во природата се целосно запишани во делото „Хуаинанзи“ од Западната динасистија Хан и официјално вклучени во кинескиот календар во 104 година пред нашата ера. Но, тие се незаменлив дел од кинеската култура и не поврзуваат со нашите корени, исто како што музиката ги поврзаува срцата, посочи уметницата Уа.

Реклама

Пред аудиториумот во Битола, беше истакнато дека народната мелодија „Шарени облаци што ја бркаат месечината“ е преработена од познатиот современ кинески композитор Рен Гуанг во 1935 година, а „Летна ноќ“ е композиција на Јанг Шандле од 1952 година, класично ремек дело што ја локализира виолината преку елементи на кинескиот народен стил.

Првиот фестивалски ден на „Илинденски денови“ во Битола ќе биде заокружен со целовечерен концерт на симфонискиот оркестар од Нингбо кој ќе се одржи во големата сала на НУ Центар за култура.