Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Промоција на новите потпоручници од 23 класа на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, на настанот министерката вдоми куче

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, беа промовирани новите потпоручници во Армијата,…

Сподели:

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, беа промовирани новите потпоручници во Армијата, кои го завршија военото образование како дел од 32. класа на Академијата. Министерката пред присутните порача дека новите потпоручници низ четиригодишната едукација организирана согласно принципите на военото образование на НАТО се стекнаа со знаења и вештини вредни за офицери на Алијансата и дека тие се вистински патриоти кои одлучиле својата работна кариера да ја посветат на заштитата на граѓаните и татковината.

Деканот на Воената академија, полковникот Митко Богдановски порача дека академијата е институција која создаде генерации кои ги покажаа и докажаа вредностите на кои таа почива – знаење, чест, служба и татковина, а новите потпоручници ги нарече нашата иднина во која има целосна доверба дека има моќ да влијае на промените, да изгради единство и да ги заштити заедничките вредности.

Денеска во потпоручници беа промовирани 32 питомци од кои 27 за потребите на македонската Армија, 3 за Црна Гора и 2 за Босна и Херцеговина, што ја покажува и регионалната димензија на Академијата. За време на студиите, двајца студенти заминаа на едносеметрално школување во Кралството Норвешка, додека истовремено студенти од Норвешка и од Бугарија минаа студиски престој на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. На свеченоста, на прворангираните потпоручници Никола Антески, Јована Софрониоска и Наум Спироски, претставник од кабинетот на Претседателот, министерката Петровска и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски им врачија признанија за постигнатиот успех.

Реклама

Роднините и пријателите на дипломците имаа проблем да ги слушнат поздравните говори на челниците, зашто, озвучувањето откажуваше додека траеа нивните обраќања, што создаде и нервоза од присутните кои со душа го чекаа овој ден.

Во меѓу време, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во Скопје, додека свој говор имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода. Пред присутните министерката соопшти дека кученцето ќе го однесе на ветеринар, а потоа и ќе го вдоми, кое ќе биде нов чувар во Министерството за одбрана.