Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Нова енергија и луѓе кои се очекува да направат исчекор, со многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова енергија и луѓе кои се очекува да направат исчекор, со многу повеќе борба и работа за подобро утре на сите македонски граѓани. Новите министри од денеска ги преземаат своите фунцкии. Владина реконструкција е сосем нормална работа, која се случува секаде во светот, и се разбира дека првиот човек на Владата треба да ја оцени работата, на оние кои имаат функционерски позиции. Според познавачите оние кои се сменети, не значи дека не ја завршиле не работеле добро, туку едноставно потребно е освежување и нови луѓе од кои се очекува да направат нешто повеќе од стандардното врешење на позицијата. 

-Мислам дека токму дека тоа е причината, со која Мицкоски се реши данаправи промени во Владата, тоа треба да обезбеди велам нова енергија, ново темпо, нови луѓе за да можеме сите заедно некако да тргнеме на некаков пат, кој подразбира многу повеќе борба, многу повеќе работа, многу повеќе залагања за да си обезбедиме подобро утре. Инаку, ако не отидеме кон подобро, ќе се вратиме кон полошо, вели за Алфа Сафет Бишевац, поранешен новинар и поранешен пратеник.

Собраниската седница за реконструкцијата мина во тензична атмосфера, со неуспешни обиди на опозицијата да го блокира и една ваква техничка работа. Според Бишевац нормално е да се очекува опозицијата да критикува, но потребно е да се внимава на политичката култура и начинот на кој се искажува критиката.

Реклама

-Она што би требало да се внимава е вокабуларот, начинот на кој се бараат промените, начинот на кој се критикува работата на Владата. Никому не му одговараат тензии и тензични ситуации како што видовме вчера во Собранието. Велам тоа е нормална работа , но тоа подразбира одредени граници на фер и етичко однесување, изјави Бишевац.

Инаку, нов министер за здравство е Сашо Клековски, кој дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ и долги години е добропознато име во граѓанскиот сектор и јавниот живот, како и досегашен директор на Фондот за здравство. Новиот шеф во социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски е дипломиран економист на најдобриот универзитет во државава, досегашен заменик министер во овој сектор, а беше и технички министер во период од јануари до мај 2024-та година.

Новиот министер за правда Јетон Шасивари е доктор по уставно и управно право и редовен професо на Универзитетот на Југоисточна Европа. Новиот шеф во локална самоуправа е Иван Стоиљковиќ, дипломиран правник на Јустинијан први, долгогодишен пратеник и довчерашен министер за односни меѓузаедниците. На негово место таму доаѓа Агон Ферати, магистер по бизнис администрација, кој има богато практично искуство во локалната самоуправа и во делот на меѓународни проекти. Новиот министер за култура Седат Сулејмани доаѓа во ресор кој што му е познат, бидејќи во два наврати веќе беше заменик министер.

Борче Серафимовски во земјоделие доаѓа од позицијата државен секретар во истото министерство, а нов министер без ресор е Ерџан Дедмир, кој до вчера беше на позицијата национален координатор во Владата за креирање и следење на стратегии за немнозинските заедници.

Матеја Петровски