Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци

Изминатиот викенд, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатиот викенд, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од лишените од слобода за безобѕирно управување на возило, 11 биле за возење под дејство на алкохол, 27 за возење без возачка дозвола, по еден возач за возење со брзина поголема од дозволената во населено место и возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

– Во истиот период одземени се 22 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 187 прекршоци за неправилно паркирање, како и 61 санкција за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани биле 126 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така, санкционирани се 150 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а седум заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата – фолии – информираа од МВР, додавајќи дека сообраќајните контроли продолжуваат.

Реклама

Од МВР апелираа да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.