Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Претседателот на Стопанската комора во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски комори во Брисел оствари средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. 

На средбата е разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора и EUROCHAMBRES, како и за поактивно вклучување во процесите на креирање европски економски политики и иницијативи од интерес за бизнис-заедницата.

Во разговорите, како што соопшти Стопанската комора, е истакната важноста на силниот и инклузивен коморски систем, кој ќе обезбеди поефикасно застапување на интересите на компаниите, ќе придонесе за подобрување на деловното опкружување и ќе создава конкретна додадена вредност за своите членки.

Реклама

– Посебно внимание му беше посветено на процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан. Соговорниците се согласија дека стопанските комори имаат значајна улога во поддршката на реформските процеси, јакнењето на конкурентноста на компаниите и во продлабочувањето на економската соработка меѓу Европската Унија и земјите кандидати за членство. Во таа насока, беше истакната и улогата на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6 CIF) како најрепрезентативна регионална бизнис-мрежа, која преку заедничко дејствување на шесте стопански комори од Западен Балкан може да даде значителен придонес во процесите на економска интеграција и застапување на интересите на компаниите од регионот, информира Стопанската комора.

Изразена е заедничка подготвеност за продлабочување на соработката преку реализација на нови заеднички проекти меѓу Стопанската комора на Македонија, EUROCHAMBRES и стопанските комори од Западен Балкан, со цел размена на добри практики, зајакнување на институционалните капацитети и отворање нови можности за компаниите во рамките на европскиот економски простор.