Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Предлог ребалансот на буџетот доби „виза“ од бизнис секторот

Предлог ребалансот на буџетот кој го усвои Владата ги погаѓа целите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог ребалансот на буџетот кој го усвои Владата ги погаѓа целите за развој на македонската економија, сметаат експертите. Прераспределбата на средствата во делот на засилена изградба на коридорите 8 и 10 како и средствата за изградба на локална инфраструктура ќе ја раздвижат дополнително македонската економија. Бизнис заедницата потенцира дека ваквиот буџет ќе придонесе за реален раст на економијата и може да се очекува исполнување на предвидениот раст.

„Кога станува збор за капитални инвестиции во рамки на инфраструктурата и ранки н аповрзување, тоа до некаде го зголемува и квалитетот на живеењето на граѓаните и олесенета комуникација и доколку го користиме како компании зголемена конкурентност. И за нас тие вложуања и тие трошења на пари се додека ја поттикнуваат домашната економија и придружна економија, мислиме дека е добра одлука“, рече Миле Бошков, Претседател на Конфедерација на работодавачи

Бошков додава дека и инвестирањето од страна на Владата во градежниот сектор ќе придонесе и за раст на животниот стандард. Тој вели дека градежните компании ќе привлечат поголем број работници од повеќе сектори и ќе се зголеми и личната потрошувачка со што директно ќе се влијае на зголемен обем на внатрешната трговија. Бошков е дециден и дека компаниите мора да го следат инвестирањето на државата и тие да внесат свеж капитал за растот да се преслика и во подобар животен стандард.

Реклама

„Очигледно е јавните трошења секојпат ја поттикунуваат економијата. Неслучајно гледаме раскопани градови низ Европа кои ја подобруваат инфраструктурата. И тоа се политики и тактики кои ја задржуваат политиката на локалното место. Тоа мора да го правиме и ние за да можеме навистина да ја вртиме економијата во нашите рамии, во нашите граници“, додаде Бошков.

Според дел од бизнис заедницата, ваквиот буџет, кој има развојна компнентна би требало да се поддржи од страна на Собранието. Средствата кои Владата ќе ги вбризга во економијата мора да дојдат што е можно поскоро за да може бенифитот да биде почуствуван од бизнис секторот и граѓаните. Со вакви инвестиции и промена на концептот на буџет, кој место да се користи за вработувања во државниот сектор се  префрла во бизнис секторот, бизнисмените се убедени дека ќе донесе додадена вредност за иден раст на економијата во следните неколку години.