Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Поради продолжениот викенд се очекува голема гужва и застој на граничните премини кон Грција

Секој што планира патување во Грција овој викенд треба да се вооружи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој што планира патување во Грција овој викенд треба да се вооружи со трпение или, доколку е можно, да го одложи датумот на поаѓање.

Следи еден од викендите со најголем сообраќај во сезоната, кога се очекуваат огромни застои и формирање долги редици возила на клучните гранични премини. Најголем притисок и сообраќаен метеж се предвидуваат на најфреквентните премини кон Грција – Евзони и Дојран.

Главната причина за дополнителното оптоварување е продолжениот викенд, кога се празнува 2 Август, големиот државен и верски празник Илинден. Комбинираните неработни денови ќе предизвикаат бран локални туристи и патници во транзит, што, во комбинација со редовната промена на туристичките аранжмани, ќе создаде огромни гужви.