Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Попладне продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, одбиени над 20 амандмани од ДУИ и Левица

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по поднесените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по поднесените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. Беа разгледани и неприфатени 22 амандмани поднесени од ДУИ и Левица.

Со поднесените амандмани се бараа дополнителни средства за инфраструктурни и патни проекти. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. 

Амандманите на ДУИ се однесуваа на средства за реконструкција на патот околу Дебарското езеро, за проширување, изградба на нови и реконструкција на локални патишта и улици во општините Липково, Гостивар, Врапчиште и Чашка. За амандманот со кој ДУИ бараше 6 милиони денари за изградба на нова улица број 1 во Гостивар, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски истакна дека се одбива поради тоа што согласно инфраструктурните проекти Програмата АА од Влада за Општина Гостивар во 2025 година се исплатени од централен буџет за реконструкции и изградба на улици над 57 милиони денари.

Реклама

-Продолжуваме со исплати за други ситуации кои ќе доаѓаат од страна на Општина Гостивар. За оваа конкретна улица која ја спомна почитуваната пратеничка, се надевам дека понатаму со прераспределба на средствата кон крајот на годината дека ќе се обезбедат средства и за таа улица. Од овие причини амандманот не се прифаќа – рече Јанкуловски.  

Од ДУИ, исто така, побараа средства во износ од 12 милијарди денари за реализација на стратешките Коридори 8 и 10, 615 милиони денари за реализација на проектот за изградба на патот Тетово-Призрен, 40 милиони денари за реконструкција на патот Ваксинце – граничен премин Табановце.

Одбиен беше еден разгледан амандман од Левица, со кој бараа дополнителни средства во износ од 200 милиони денари за велосипедски патеки.

Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат речиси 46 милијарди денари и се зголемени за речиси 5,8 милијарди денари што е зголемување за 14,5 проценти. Економскиот раст е проектиран на 3,5 отсто, инфлација на 4,5 проценти, а буџетски дефицит на 4,1 отсто од БДП.

Амандманската расправа продолжува попладне по дадената пауза.