Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Поетроника ќе го промовира „INTERIOR“: Албумот е за оние што имаат време, ако воопшто такви сѐ уште постојат

Во организација на издавачката куќа PMG Tanz Digital, електронското дуо Поетроника, составено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на издавачката куќа PMG Tanz Digital, електронското дуо Поетроника, составено од Андреја Салпе и Оливер Митковски, ќе го промовира третиот студиски албум „INTERIOR“. 

Промоцијата е закажана за утре во 20:00 часот, во „Зеленика“, а покрај концертниот настап, уметникот Иван Ивановски во соработка со Партизанска штампа ќе изведе рачно сито-печатење, по што вечерта ќе продолжи со клупската програма Paranoid Vodno, со настапи на Боле, Лука, Мартина Пенева и Андреја Салпе.

-„INTERIOR“ е албум што се дистанцира од прекумерната продукциска обработка. Наместо внимателно конструирани студиски композиции, третото издание на Поетроника е изградено од неизменети фрагменти од студиски сесии снимени во текот на 2025 година. Резултатот е искрен и непосреден звучен запис на креативниот процес, кој ја доловува енергијата и одлуките што се носат во самиот момент на создавањето, велат Салпе и Митковски.

Реклама

Во своето ново издание, Поетроника го проширува и препознатливиот однос кон текстот. Покрај поезијата, која останува важен дел од нивниот авторски израз, во албумот се вплетени интервјуа со уметници, публицистички текстови, како и фрагменти од приватна комуникација. Различните текстуални слоеви се третирани како рамноправен музички материјал, претворајќи се во органски дел од звучната целина.

„INTERIOR“ е напишан, продуциран, миксан и мастериран од Андреја Салпе и Оливер Митковски, додека визуелниот идентитет на албумот го потпишува Иван Ивановски.

-„INTERIOR“ уште еднаш го потврдува препознатливиот авторски пристап на Поетроника – способноста најразлични идеи, текстови и звуци да ги претвори во современо, софистицирано и автентично музичко дело. Албумот е за оние кои што имаат време, ако воопшто такви постојат сѐ уште на планетава, истакнуваат Салпе и Митковски. 

Рачното сито-печатење што утревечер во рамки на настанот ќе го реализираат Ивановски и Партизанска штампа, е инспирирано од визуелниот идентитет на албумот. Посетителите ќе можат да донесат сопствени маици, платнени торби или други текстилни предмети што ќе бидат рачно отпечатени на лице место.

Албумот е веќе достапен за претнарачка преку Bandcamp страницата на PMG Tanz Digital.