Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Поевтина набавка, модерен превоз – Скопје ги очекува електричните автобуси

Новите електрични автобуси од оваа година ќе возат по скопските улици. Успешно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите електрични автобуси од оваа година ќе возат по скопските улици. Успешно заврши втората тендерска постапка, па пред новогодишните празници се очекува скопјани конечно да добијат модерен јавен превоз како во европските метрополи.

Поголем дел од  граѓаните велат дека одамна ги чекале автобусите и дека освен што ќе се намалат гужвите во градскиот јавен превоз, истовремено ќе се намали загадувањето. Апелираат за поголема култура и свест, особено кај помладите за да  не се уништуваат автобусите.

Некои пак се скептици и сметаат дека Скопје ја нема потребната инфраструктура за ваков тип на превоз. Победник на тендерот се унгарската компанија „Икарус“ и австриски ЕВН кои заеднички понудиле цена од 50 милиони евра. Ова е за 204 илјади евра пониска сума од претходниот поништен тендер.

Реклама

Трите компании кои изгубија на тендерот од денес па во наредните девет дена имаат рок за жалби. На јавниот повик се јавија четири компании од кои две од нив ги немаа исполнето условите за учество.

Според процедурите по склучување на договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на првите 30 електрични автобуси од вкупно 150  и 15 станици за полнење од предвидените 75. Останатите ќе се испорачуваат во временски интервали наведени во договорот.

Паралелно со набавката на новите електрични автобуси, се работи и на проектот градски воз, кој се очекува да почне да вози од септември.