Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска, шестмина се на интензивно лекување

На Клиниката за инфективни болести 21 лице се лекуваат од западнонилска треска.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Клиниката за инфективни болести 21 лице се лекуваат од западнонилска треска. Кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилска треска, за три лица се чека потврда, а шестмина се на интензивно лекување – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. 

– Во моментот имаме 53 пациенти што прележале, имаат или се сомнителни на западнонилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Од нив, 52 имаат нервноинвазивна форма, еден е без нервноинвазивна форма и е излекуван и пуштен од болница. 52 биле третирани или сè уште се третираат на Клиниката за инфективни болести. Еден во приватна здравствена установа – изјави  Клековски. 

Како што рече, 25 од оние што биле на Инфективна клиника се излекувани и пуштени дома. Досега има пет смртни случаи од западнонилска треска.

Реклама

Тој истакна дека има потврден случај во Куманово, со роднините е направена епидемиолошката анкета, има изложеност на реката Пчиња и работат на прецизно мапирање.

Потенцира дека пациентите редовно се испишуваат од Клиниката, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена, а се очекува и најмладиот пациент (26 години) од Зелениково набргу да биде отпуштен. Појасни дека кај помладите пациенти формите на болеста се многу полесни.

– Во однос на активностите и третманот, издадовме ажурирано упатство за лекарите на одреден број клиники и за матичните лекари – да свртиме внимание на пациентите со имуносупресивна терапија, кои може да бидат потенцијално проблематични случаи со вирусот на западнонилска треска. Особено обрнуваме внимание кај нив бидејќи некои од тестовите може да бидат лажно негативни и се препорачува употреба на неколку теста за да се потврди мападнонилската треска. Побаравме во анамнезата задолжително да се провери дали користат имуносупресивни лекови – рече Клековски. 

Во однос на преземените активности, од 14 август, кога го направивме последното ажурирање, посочи Клековски, досега е завршена четвртата тура прскање против возрасни комарци, и авионската и земјената во Скопје.

– Авионската беше на 20 и 21 август, а земјената од 20 до 26 август. Надвор од тоа, направени се шест прскања по индикации: во Гази Баба на над 400 хектари, второ прскање во Кисела Вода, односно подрачјето на Драчево (двете на 14 и 15 август) и вонредни прскања по индикација во: Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров – додаде Клековски.