Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Европската Унија прави грешка што бара од Македонија да го спроведе договорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија прави грешка што бара од Македонија да го спроведе договорот со Бугарија без гаранции дека нема да има нови условувања. Ова на форумот во Дубровник  НА кој се зборуваше за ЕУ и Западниот Балкан го порача професорот од Вашингтон и експерт за Југоисточна Европа, Едвард Џозеф. Тој предупреди дека Софија не смее повторно да отвора идентитетски прашања и за ова потребни се гаранции.

Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања, вели Едвард Џозеф, професор на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа.

Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации. Како пример ја посочи Унгарија, којашто се противи за влез на Украина во ЕУ.

Реклама

Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата кога се одлучуваше за Украина, вели Едвард Џозеф, професор на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа.

Не постои северномакедонски народ, северномакедонски јазик или северномакедонски идентитет, туку само македонски. Со оваа порака министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се обрати на панел-дискусијата „Европската Унија и Западен Балкан во Дубровник.

Тој порача дека процесот на интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не вечна чекална за земјите кандидати. Повтори дека се потребни појасни правила, рокови и покредибилен пристапен процес.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, Муцунски рече дека со новата влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања и за заедничката европска иднина. Тој нагласи дека целта на Македонија не е само да ги почне, туку и успешно да ги заврши пристапните преговори според европските критериуми.

„Нашата намера не е само да ги започнеме пристапните преговори и по неколку месеци повторно да се најдеме во истата ситуација. Нашата цел е да ги започнеме и успешно да ги завршиме врз основа на европското законодавство, Копенхашките и Мадридските критериуми“, вели Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Истовремено, нагласи дека Бугарија инсистира и на дополнителен сет билатерални барања, кои вклучуваат прашања поврзани со националната историја, јазик и идентите. Според Муцунски овие барања не се дел од европското законодавство и критериумите за членство во европското семејство.