Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Општина Илинден започна со реконструкцијата на улица „9“

Општина Илинден информира дека започна со реализација на еден од позначајните инфраструктурни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден информира дека започна со реализација на еден од позначајните инфраструктурни проекти – целосна реконструкција на улица „9“ во Илинден, делница што претставува важна сообраќајна артерија која секојдневно ја користат голем број граѓани.

Станува збор за реконструкција на коловоз во должина од околу 1.100 метри и широчина од 6 метри, како и тротоари од двете страни на улицата, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Паралелно со реконструкцијата на патната инфраструктура, се реализира и целосна санација и модернизација на водоводната мрежа во должина од приближно 1.200 метри. Со поставување на нови водоводни цевки со кои ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно водоснабдување за жителите, а воедно по повеќе од четири децении ќе се решат проблемите со намален притисок и дотраена водоводна инфраструктура која создаваше тешкотии во водоснабдувањето, особено во летниот период – информираат од Општина Илинден.

Реклама

Увид во почетокот на градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој, како што информираат, истакна дека проектот има исклучително значење бидејќи улица „9“ претставува главна сообраќајна врска меѓу повеќе населени места и патни правци, а долж неа се наоѓаат значајни јавни институции, меѓу кои Општината, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“.

Со оваа инвестиција од Општина Илинден посочуваат дека продолжуваат со континуирано вложување во модернизација на инфраструктурата, создавајќи подобри услови за живот, поголема безбедност и поквалитетни комунални услуги за сите граѓани.