Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Општина Бутел првпат ќе има затворен базен, се гради во склоп на ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани 

Општина Бутел првпат ќе добие затворен базен, кој ќе биде во склоп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Бутел првпат ќе добие затворен базен, кој ќе биде во склоп на ОУ „Ацо Шопов“ во населбата Радишани.  На поставувањето на камен-темелникот денеска градоначалникот Дарко Костовски соопшти дека воедно се прави и додградба на ОУ „Ацо Шопов“ за четири нови училници.

-Базенот е наменет за учениците и ќе придонесе за нивниот физички развој. Ова лето во Бутел ќе има најмногу проекти во историјата на општината – рече градоначалникот.

Соопшти за тековни и планирани проекти во општина Бутел меѓу кои, како што рече, круна ќе биде новата поликлиника која ќе почне да се гради ова лето.  

Реклама

-Наскоро го завршуваме новиот мост во Радишани, а почнуваме и втор мост во Радишани, нешто што беше ветено во минатото. Во соработка со Град Скопје, во финална фаза ни е мегапарк од 8000 квадратни метри, наскоро почнуваме и нов парк од 30 000 метри квадратни на територијата на општина Бутел, на место каде што порано предвидуваа згради. На почетокот на новата учебна година, од темел до покрив отвораме две нови градинки, тие се веќе речиси завршени. Во моментов се ставаат и фасади на две училишта во Бутел и, би рекол, круната на ова работно лето, а можеби и круна на овој мандат, ќе биде поставување камен-темелник на нова поликлиника во општина Бутел – истакна Костовски. 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека проектот за изградба на затворен базен е вреден 77 милиони денари.

-Тоа е значајна содржина што ќе придонесе за здрави навики и спорт на младите. Всушност, место за анимација на младите наместо да мислат на несакани активности кои се случуваат во последно време – асоцијални дејствија и други активности кои не се во склоп на доброто воспитување и образование – изјави Јаневска.

За четирите училници што се доградуваат во ОУ „Ацо Шопов“ таа рече дека е инвестиција од 37 милиони денари и дека со нив ќе се обезбеди целодневна настава од прво до трето одделение во ова училиште. 

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека проектите ќе бидат додадена вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел.

-Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата. Тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел. Полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен-темелник оние проекти коишто сè уште не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива, бидејќи навистина се покажа како успешна, додаде претседателот на Владата.