Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Пред точно четири години бугарските уцени, Бугарите во Уставот, негирањето на македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред точно четири години бугарските уцени, Бугарите во Уставот, негирањето на македонскиот јазик и идентитет, станаа услови и на европскиот пат на Македонија. Заслуга за тоа имаат потписите на тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи и тогашната шефица на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.

Се тоа под покровителство на екс премиерот Димитар Ковачевски, кој со високо кренати раце во Собранието го прослави прифаќањето на Францускиот предлог, со кој Македонија само доби мачка во вреќа и бугарски вета во серија.

-Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија, кажа Ковачевски со кренати раце во Собранието.

Реклама

Содржината на документот се чуваше во тајност до потпишувањето, беше протната преку неколкучасовни брифинзи на тогашниот премиер. Оценката на познавачите и тогаш и денес е дека протоколот е класична капитулација на земјава. Спорни се пред се одребдите за македонскиот јазик, уставните измени, неприфаќањето на македонското малцинство.

Според политичкиот аналитичар Јове Кекеновски, иако било ветувано дека државава ќе добие со тој договор, сепак добивме сосем спротивно.

-Билатералниот спор со Бугарија е внесен во европскиот пристапен процес, наместо Македонија да напредува согласно копенхагешките критериуми, нашиот напредок кон евроатлатскиот процес, стана на некој зависен од исполнување на обврски поврзани со договорот за доброседство, кој што го потпишаа нели претходната власт, изјави Кекеновски за Алфа.

Кекеновски вели дека на Бугарија на овој начин сме и дале оружје трајно да не блокира на европскиот пат.

-И да го исполниме барањето за внесувањето на Бугарите во Уставот, не сме сигурни дека нема да има нови барања. Трето, уставните измени се поставени како услов пред вистинско отворање на преговарачките кластери, што исто така не дава гаранција. Четврто не постојат цврсти гаранции дека со пристапување кон уставни измени, ќе се завршат тие бугарски барања, изјави Кекеновски.

Францускиот предлог на улица извади и илјадници граѓани, кои две недели секојдневно излегуваа да изразат својот револт. Сепак, тоа не беше доволно за тогашната власт во Собранието да си го протуркаа својот план на штета на државата.

Матеја Петровски