Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Одбележана годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков-Мучето

Општина Струмица денеска одбележа 82 години од убиството на народниот херој Благој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струмица денеска одбележа 82 години од убиството на народниот херој Благој Јанков-Мучето. На пригодната свеченост пред спомен-бистата на херојот во Малиот градски парк за неговиот живот и дело говореше градоначалникот Петар Јанков.

– Струмица има чест што во својата историја го има Благој Јанков-Мучето. Неговото име не е само дел од историското наследство, тоа е дел од идентитетот на овој град. За мене, ова одбележување има една посебна лична тежина, чувствувам голема чест, но уште поголема одговорност, не затоа што наследството се пренесува по крвна линија, туку затоа што вистинското наследство се мери со тоа дали сме достојни за вредностите што ни се оставени. Наша должност е младите генерации да не го паметат Мучето само како име од учебниците, треба да знаат дека зад тоа име стоел млад човек, кој слободата на својот народ ја ставил пред сопствениот живот – рече градоначалникот Јанков.

Во рамките на одбележувањето, Катерина Тасева, првонаградената учесничка на конкурсот што го распиша Библиотеката „Благој Мучето“, ја прочита својата творба, а потоа семејството и градоначалникот Петар Јанков со претставници на Советот на Општина Струмица положија свежо цвеќе пред бистата на херојот.

Реклама

Одбележувањето продолжи и пред спомен-обележјето во Големиот градски парк, каде што свежо цвеќе положија претставници на општинската организација на Сојузот на борците и граѓаните поддржувачи, институции и политички партии.