Реклама

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Македонија

Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица

Обвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода во Гостивар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода во Гостивар од кои се констатира дека таа е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена. Отворена е истрага против директорката и уште двајца раководители на гостиварски „Комуналец“, кои се приведени.

Основното јавно обвинителство Гостивар започна истражна постапка за тројцата приведени за „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење“.

– Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП „Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и  раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното претпријатие, со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општина Гостивар и дел од околните села, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Реклама

Тие на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата.

На 16 јули, при извршен увид на самото место, констатирано е дека две од потопните пумпи се уште биле во употреба и преку потисни црева поставени низ преливниот отвор ја пренесувале водата со штетна материја-колиформни бактерии од отворен систем – канал во комората каде се наоѓа вода од системот за пиење со определен дефиниран квалитет во затворен систем.

Во системот дошло до мешање односно пренесување на вода со штетни материи од каналот во главниот цевковод за водоснабдување.

По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје изврши анализи на земени примероци од површинската вода од отворениот канал при што е констатирано дека водата е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена поради присуство на колиформни бактерии од 2419,6 cfu/100 мл наспроти максимално дозволените 50 cfu/100 мл а во примероците земени од каптиран извор е констатирано дека водата има зголемен број на аеробни мезофилни бактерски колонии како и наод на колиформни бактерии каде во референции треба да има 0 cfu/100 мл додека во водата се пронајдени 39 cfu/100 мл. Поради високата загаденост водата станала неупотреблива и не е безбедна за употреба и консумација од страна на луѓето.

Дополнително анализиран е примерок земен од чешма на Ул. ЈНА во Гостивар каде е констатирано дека во водата има високо присуство на хлор и тоа концентрација на резидуален хлор од 1,1 мг/л кој претставува отстапување од максимално дозволената вредност според важечкиот правилник каде е опишан оспег од 0.2 до 0.3 мг/л но не повеќе од 0.5 мг/л.

Имајќи предвид дека настанатите промени од загадувањето не можат лесно да се отстранат, јавниот обвинител оцени дека се исполнети обележјата кои даваат основано сомнение дека е сторено наведеното кривично дело.

Основното јавно обвинителство Гостивар продолжува да презема истражни дејствија за целосно испитување на настанот. Осомничените се лишени од слобода и во текот на денов јавен обвинител ќе одлучи дали и какви  мерки за нивно обезбедување ќе предложи на судот.