Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Црквата на локалитетот Кале, кај село Крупиште, каде што е откриено парче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црквата на локалитетот Кале, кај село Крупиште, каде што е откриено парче камен со глаголицата, чека на конзервација, откако завршија најновите археолошки истражувања. Штипските археолози целосно ја дефинираа архитектурата на катедралната базилика, која се смета за една од најзначајните локалитети поврзани со најраните траги од словенската писменост. Со тоа се создаваат услови овој вреден археолошки комплекс целосно да биде заштитен.

„Ја дефиниравме целата концепција, односно целата црква, се истражи мартириумот и така го дефиниравме целиот тој простор и се надевам дека и понатаму ќе можеме и таа црква да се конзервира, бидејќи мислам дека е единствената црква во Македонија, катедрала каде што е откриена глаголицата, значи парче камен со глаголицата“, изјави археологот Митко Штерјов.

Штерјов вели дека локалитетот Кале не е значаен само поради археолошките откритија, туку и поради историските записи. Според преданието, во црквата биле донесени моштите на Светите петнаесет маченици, а во грамотите на цар Душан е забележано дека во 1355 година двапати одржал состаноци во Крупиште.

Реклама

„Таму стои и митот дека од Светите Петнаесет маченици се донесени моштите во оваа црква. Имаме пишан податок дека цар Душан одржал два состанока во Крупиште во периодот од 1355 година, кога доаѓаат Османлиите. Така да, не случајно тој ги одржал двата собири во Крупиште. Значи, тој податок стои запишан во грамотите на цар Душан“, изјави археологот Митко Штерјов.

Покрај истражувањата на Кале кај Крупиште, штипските археолози деновиве дојдоа и до уште едно значајно откритие. Кај Баргала беше откриена доцноантичка некропола со повеќе гробници, во кои се пронајдени коски на осум починати лица, меѓу кои и дете. Двата проекти се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.