Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Мицкоски: Продолжуваме со реформите и натаму ќе бидеме први во нив, а ако некој смета дека треба да бидем дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ќе продолжи со реформите, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ќе продолжи со реформите, ќе продолжиме да бидеме први во однос на нивната реализација, а ако некој смета дека земјава, треба да биде дел од Европската Унија, изрази подготвеност да сторат сè што е конструктивно, но не и деструктивно.

-Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжиме со реформите и ќе бидеме први по нивната реализација. Ако некој смета дека оваа држава, која се наоѓа во срцето на Балканот, со мирољубив народ, вредни граѓани домачини и домачински и посветени луѓе, треба да биде дел од Европската Унија, тогаш ние сме подготвени да направиме сè што е конструктивно, но не и деструктивно, одговори Мицкоски денеска на новинарско прашње за време на посетата на Охрид во врска со евроинтегративните процеси на Албанија и Црна Гора, кои до крајот на годината ќе затворат поглавја, а Молдавија и Украина ќе отворат нови кластери и патот на Македонија и кон ЕУ.

Премиерот посочи дека оваа позиција досега ја повторил илјадници пати и додаде дека во периодот што следи фокусот го става на корисни проекти за државата.

Реклама

Мицкоски нагласи дека опозицијата е таа што ја довела Македонија во состојбата во која денес се наоѓаме, прифаќајќи предлог што не успеала да го испорача и кој е целосно асиметричен во однос на националните интереси на граѓаните и на државата.

-Јас единствено чувствувам одговорност единствено пред граѓаните. А граѓаните во овој момент ја даваат својата поддршка на политиките што ги води оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да го испорача она што може да го испорача и тоа го покажаме, покажавме и со декемврискиот извештај, а ќе го покажеме и со јунскиот извештај – дека, во суштина, сме најнапредната држава во регионот кога станува збор за спроведување реформи. За мене, промена на Уставот и прифаќање на она што го прифати претходната Влада не е реформа. Нашиот став е јасен и прецизен. Граѓаните очекуваат лидерството на македонската Влада да го заштити македонскиот национален идентитет. Ние токму тоа и го правиме. Нема цена по која би правеле безусловни отстапки – порача Мицкоски.

Премиерот додаде дека постои простор за договарање, за разговори и барање решенија, оти Владата е конструктивна и таква и ќе остане, но повтори дека нема да стави безусловен потпис на она што го прифатила претходната Влада. 

-Но, безусловно да ставам потпис на нешто што го прифати претходната Влада или т.н. капитулација, додека сум на оваа функција, нема да направам. На крајот, ќе дојдат избори. Граѓаните ќе го кажат својот суд. Ако сметаат дека сум погрешил, ќе гласаат за спротивната политичка опција. Ние ќе заминеме во опозиција, а јас ќе се повлечам од политиката. Но, мислам дека народот е уморен од национални отстапки без какви било гаранции за исполнување на конечната цел. Народот е уморен и исфрустриран од континуирани ветувања и неисполнети надежи што се случуваа изминатте години, па и со децении – изјави премиерот.