Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Економија

Мицкоски: Посветени испорачуваме проекти како наш врвен приоритет

– Продолжуваме да бидеме посветени на испорачување проекти како наш врвен приоритет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Продолжуваме да бидеме посветени на испорачување проекти како наш врвен приоритет – истакна премиерот Христијан Мицкоски за време на денешниот престој во Битола, каде што изврши увид во изградбата на основно училиште.

Во изјава за медиумите Мицкоски посочи дека Владата ќе продолжи со интензивна работа и со цел решавање на проблемите на граѓаните. 

– Продолжуваме да бидеме посветени на испорачување проекти како наш врвен приоритет. За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и ги немаме сите ресурси на светот за да ги санираме тие пропусти, но се трудиме да работиме според приоритети и да ги решаваме. Ние работиме врз принципот да го оставиме срцето на терен и оној што работи, понекогаш и греши, затоа јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка што ќе се направи во текот на работењето бидејќи не греши само оној што ништо не работи. Во политиката има такви што се навикнати да гледаат сеир наместо да ги засукаат ракавите и да направат нешто за граѓаните. Тие ќе останат засекогаш на маргините на политичката сцена и ќе бидат дел од естрадата, а ние што ги решаваме проблемите, ќе продолжиме да работиме – истакна премиерот Мицкоски.

Реклама

Во битолската населба Буковски Ливади, каде што се реконструира стар објект, кој во иднина ќе биде дел од подрачното основно училиште „Коле Канински“ за учениците од 5 до 9 одделение, присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

 – Во Битола, Владата и локалната самоуправа спроведуваме над 16 инфраструктурни објекти за подобро инклузивно образование и за подигнување на квалитетот на образованието. Владата во овие две години во Битола вложи над 450 милиони денари за повеќе објекти, спортски сали и училишта, но она што е особено важно е што ќе почне реконструкцијата на Студентскиот дом и на Ресурсниот центар во Битола – најави Јаневска.

Јавна благодарност за владината поддршка на локалната самоуправа искажа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, и потсети на актуелните проекти што се реализираат во областа на образованието.

– За реконструкција на училиштето во Буковски Ливади ќе бидат вложени 31 милион денари, средства обезбедени од Владата преку Министерството за образование и наука од т.н. унгарски кредит. Но, во општина Битола има и други големи вложувања во образованието и по повеќе децении се случува револуционерен потфат во училишната спортска инфраструктура. Основните училишта во Битола ќе добијат 24 спортски сали, инвестиции вредни над 4,5 милиони евра – потсети градоначалникот Коњановски.

Инаку, на увидот од реконструкцијата на основното училиште во Битола претходеше посета на владина делегација на фабриката „Кромберг и Шуберт“, што ја предводеше премиерот Христијан Мицкоски.