Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Мицкоски на средба со Занаетчиската комора: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе мерки и проекти за занаетчиите

Навистина корисна, би рекол и средба од која што многу работи можат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навистина корисна, би рекол и средба од која што многу работи можат да се научат, но истовремено и значајна за нас како политичка партија која што ќе биде победник на следните избори да навистина сериозно се зафатиме со решавање на проблемите на занаетчиската комора и на занаетчиите. Затоа што се помалку имаме занаетчии, а се поголема е потребата од услугите на занаетчиите во Македонија, истакна Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Занаетчиската комора.

-Како што слушнавте сето она кое што денеска го разговаравме ќе биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори и силно веруваме дека потоа тоа ќе биде и програма на идната Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме амбиција сериозно да се зафатиме со решавање на овој проблем, станува збор за отприлика 10.000 луѓе кои што навистина имаат потреба од сериозно, темелно и системско решавање на овој проблем, бидејќи не е само проблемот можеби економски во делот на даноците, во делот на субвенциите итн, туку цениме дека овој проблем треба да се реши од самиот почеток односно во едукативно образовниот систем во Македонија, бидејќи тој треба да произведе кадар кој што потоа ќе биде дел од занаетчиите кои ќе нудат занаетчиски услуги на граѓаните.

Реклама

Не е едноставно, навистина занаетчиите се мачат, луѓето од петни жили се мачат за да опстанат, но истовремено и да ги дадат потребните услуги на граѓаните. Тие ја имаат нашата поддршка и заеднички ќе дојдеме до едно системско решение кое што ќе биде дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори, а потоа ќе биде и дел од програмата на владата. И нормално потоа ќе бидат имплементирани тие решенија за кои што денеска зборувавме, а со нивното имплементирање убедени сме дека ќе има подобри услови и за оние млади луѓе кои ќе бидат идни занаетчии, но и за занаетчиите кои што веќе се дел од занаетчискиот бизнис, да најдат луѓе кои што ќе ги заменат односно ќе го наследат вака народски кажано занаетот.

Уште еднаш ќе сумирам за крај, корисен состанок, многу значаен и состанок кој што навистина отвара една поинаква перспектива за овој бизнис во Македонија, додава Мицкоски.