Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Бизнис

Мицкоски: Во две години се сервисирани околу 4,5 милијарди евра, долг кој во најголем дел е создаден од претходната влада 

За исплатената еврообврзница за 2020 година, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За исплатената еврообврзница за 2020 година, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се вратени 700 милиони евра кои претходната влада ги зела пред шест гдоини.  

Посочи дека се вратени предвреме со што, рече,  се заштедени неколку милиони евра. 

-Во овие две години, сервисирани или репрограмирани се приближно 4,5 – 4,6 милијарди евра. Тоа е долг и обврски создадени, во најголем дел, од седум години влада на СДСМ и ДУИ. Се разбира, има и дел од порано, но во најголем дел, процентуално тоа е нешто повеќе три четвртини. Ние ги сервисраме тие обврски, истовремено изнаоѓаме средства за инфраструктурни проекти. Потпишавме и колективни договори со образованието, со здравството, со адмнистрацијата итн. Кога се работи домаќински се санираат сите оние штетни последици од едно време кое не би сакал никогаш да се повтори ниту за граѓаните, ниту за државата, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци.

Реклама

Споредувајќи ги економскките параметри премиерот рече дека  во периодот на владата на СДСМ и ДУИ растот на Бруто-домашниот производ бил нешто под 1,8 проценти, а во седум квартали од владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече, е речиси двојно поголем односно 3,5 проценти.

– Ние ќе продолжиме да функционираме на тој начин. Сè уште треба време за посериозно да почне да се чувствува, но веќе насекаде се гледа она што се работи во овие две години, додаде Мицкоски.