Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Министерот Ферати оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска беше домаќин на амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска беше домаќин на амбасадорот на Република Косово во, Флориан Ќехаја, соопшти Министерството за односи меѓу заедниците.

На средбата се разговарало за одличните односи меѓу  двете земји, за актуелните случувања, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката  во областите од  заеднички интерес.

Било констатирано дека Македонија и Република  Косово имаат одлични добрососедски односи и блиско партнерство, а воедно била истакната важноста од продолжување на конкретната соработка преку проекти насочени кон зближување на младите и поттикнување  на  соработката меѓу сите етнички заедници.

Реклама

Двајцата соговорници се  согласиле дека младите претставуваат најсилен мост за градење доверба, меѓусебно разбирање и заедничка иднина во регионот.

Министерот  Ферати  ги  презентирал приоритетите и плановите на Министерството за претстојниот период, со  фокус на унапредување на меѓукултурниот дијалог, зајакнување на социјалната кохезија и поддршка на иницијативи што придонесуваат за градење инклузивно општество.

-Посебно внимание беше посветено на програмата „25 години и понатаму“, која се реализира во рамките на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот Договор. Во  таа  насока  беа разменети  мислења за планираните активности, како и за значењето на вклученоста  на институциите, регионалните партнери и младите во промовирањето на вредностите на дијалогот, соживотот и меѓусебното почитување – се вели во соопштението.

На крајот од средбата, соговорниците изразиле подготвеност за продолжување на комуникацијата и блиската соработка, со цел реализација на заеднички  иницијативи што ќе  придонесат за понатамошно зајакнување на односите меѓу двете земји и за унапредување на соработката меѓу сите етнички заедници.