Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Лужина: „Недозволиво е актуелното отуство на домашната драма во македонските национални театри“

Како ќе се зачуваме себе си и нашето национално богатство, ако самите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како ќе се зачуваме себе си и нашето национално богатство, ако самите не се грижиме за нив ?! Македонија е можеби единствената цивилизирана земја која нема државен фетстивал на домашната драма. А тоа е недозволиво, особено ако се има предвид актуелниот контекст на времето во кое живееме“, смета театрологот проф. д-р  Јелена Лужина.

    „Треба да се прогласи година на домашната драма, треба, просто да се направи Фестивал на домашната драма. Тоа го има во секоја цивилизирана земја. Има многу фестивали, ама има еден кој е многу важен, и е државен, и е на национална драма. Јас не знам зошто само во Македонија таков фестивал нема, по закон ? Не знам зошто толку малку држиме до себе си ?! Оти ако така си правиме, не знам зошто некој друг би држел повеќе до нас?! – констатира проф. д-р Јелена Лужина од ФДУ – Скопје.

     За да се надмине оваа крајно поразителна ситуација со (не)застапеноста на  македонската драма, според Лужина, појдовениот чекор можеби би бил со нејзино поагресивно, национално-стратешко стимулирање.

Реклама

  „Имаме 18 државни театри кои целосно се финансирани од државата и би требало нешто да одработат за тоа што го добиваат. Неверојатно е дека македонската драма, националната драматика е толку малку застапана во нашите репертоари“, – посочува проф. Лужина.

  Инаку, македонската драма има богата историја и традиција. Нејзините никулци се врзуваат со кусите дијалози на обредните игри од кои се развила народната драма. А додека почетоците на современата македонска драма, датираат од средината на 19 век со драмските текстови на Јордан Хаџи Констатнтинов – Џинот и на Војдан Чернодрински, и тие драми биле првите кои имале уметничка вредност.  

Каролина Дурло