Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Претседателката на Индија во историска посета на Македонија, прва на еден индиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Индија во историска посета на Македонија, прва на еден индиски претседател на државава. Друпади Мурму пречекана со стите државни и воени почести.

Во разговорите со претседаталката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, главната тема беше продлабочување на економската соработка, поставени амбициозни цели за соработка, трговската размена меѓу Македонија да порасне од 133 милиони долари на 500 милиони, во следните пет години.

Сиљановска Давкова вели дека Индија треба да ни биде пример како да напредуваме во економијата, бидејќи покрај што станувало збор за една најстарите и најтрајни цивилизации тие се и една од најголемите економски сили во светот.

Реклама

-Дојде време нашето економско партнерство да го достигне квалитетот на нашите политички односи. Економската трансформација на Индија е веројатно една од највпечатливите успешни приказни на дваесет и првиот век. Во текот на само една генерација, Индија прерасна во водечка економска сила во светот, станувајќи еден од глобалните центри на иновациите, дигиталните технологии и претприемништвото, изјави Сиљановска Давкова.

Важноста на посилна економска соработка ја потенцираше и Мурму. Нагласи дека двете држави се согласиле да работат на интензивирање на трговската и инвестициска соработка, како и на продлабочување на партнерствата меѓу деловните заедници.

-Се согласивме билатералната трговија да ја зголемиме двојно во однос на сегашниот обем. Разговаравме за соработка во клучни области како информатичките технологии, земјоделството, прехранбената индустрија, фармацијата, туризмот, угостителството и аудиовизуелните уметности, изјави Мурму.

Мурму се сретна и со премиерот Христијан Мицкоски. Тој порача дека оваа историска посета претставува значаен чекор, кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави и потврда на заедничката определба за гаредење посилни врски во иднина.

-Во пријателска и конструктивна атмосфера разговаравме за можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес, изјави Мурму.

Како дел од зајакнувањето на соработката, споемната беше и можноста да за отворање на амбасада на Индија во државава. Покрај со Мицкоски и Сиљановска Давкова, Мурму се сретна и со собранискиот спикер Африм Гаши, се обрати пред народните избраници во Собранието, а положи и венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Матеја Петровски