Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно (на домашниот и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6,2 проценти во однос на јуни минатата година – објави Државниот завод за статистика. 

Во однос на мај, регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите Рударство и вадење камен за 3,7 проценти, Преработувачка индустрија за 0,4 проценти, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти и Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1 процент.

Во споредба со јуни минатата година, продажните цени се зголемени во Рударство и вадење камен за 24,5 проценти, во Преработувачката индустрија за 5,2 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 11,2 проценти и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 7,4 проценти. 

Реклама

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2026 годинава се намалени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец, а се зголемени за 4,3 проценти во однос на истиот месец од претходната година. На странските пазари, пак, продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни се зголемени за 0,9  проценти во однос на претходниот месец, а за 7,1 проценти во однос на јуни лани.