Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

За ниската откупна цена и проблемите во оризопроизводството ќе се бараат долгорочни решенија, најави Серафимовски

Долгорочно решение за ниските цени и проблемите со откупот на оризот најави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долгорочно решение за ниските цени и проблемите со откупот на оризот најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој беше во посета на Хидросистемот „Злетовица“ во Пробиштип.

Серафимовски истакна дека утринава имал разговори со откупувачите на ориз, а претходно имаше средба со оризопроизводителите, на која што му се презентирани проблемите со ниската откупна цена на оризовата арпа и вишокот на оризот кој стои во амбарите. 

– На оваа проблематика пристапивме десетина дена порано уште со мојата прва посета во Чешиново со оризопроизводителите, каде што ги согледавме сите ситуации што ги имаат како проблеми, предизвици и останати работи во тековниот период. Во моментот имаме залихи на ориз и оризова арпа кои што стојат и кај производителите и кај откупувачите, но главниот момент е цената што треба да биде предмет на договор помеѓу едните и другите – изјави Серафимовски. 

Реклама

Тој истакна дека откупот на оризовата арпа продолжува, а цената во моментов се движи од 18 до 25 денари за килограм, зависно од квалитетот.

Министерот Серафимовски вели дека ќе се работи на конкретни мерки за следната реколта, за проблемите со откупот и цената да не се повторуваат секоја година. 

– Во моментот имаме продолжување на откупот на оризовата арпа, 18 денари е минималната цена што ја откупуваат, но, сепак, согласно квалитетот на оризовата арпа, таа се движи и 20 до 25 денари, информација што утрово ја добив од откупувачите на ориз. Така што кон овој проблем пристапуваме комплексно. Жалам што дојдов во период каде што веќе проблемот ни беше ставен на маса. Сега пробуваме да најдеме решение што ќе го надмине овој момент, но затоа во наредниот период, со подготовка за новата реколта, а воедно и по завршувањето, ќе отпочнеме со решение и практични мерки за да можеме да се подготвиме за наредната – рече Серафимовски.

Прашан дали е надминат проблемот со откупот на млеко во Пијанечко-Малешевскиот регион Серафимовски рече дека овој проблем за сточарите е решен.