Реклама

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Економија

Експертите предупредуваат, на Македонија и се заканува многу полоша иднина дури и од тоа што го предвидува Светската Банка

На македонската екомонија и се заканува многу полоша иднина дури и од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На македонската екомонија и се заканува многу полоша иднина дури и од тоа што го предвидува Светската банка во последниот извештај, коментираат домашните експерти. Според нив стопанството е пред провалија и може да падне во рецесија. Ризикот од стагфлација, односно намалување на производството при зголемување на цените е голем.

Главното прашање што треба да се направи за да се справиме со овие проблеми, тука мислам дека Владата целосно потфрла, јас тоа стално го кажувам веќе шест месеци наназад. Првата грешка што ја прават е што воопшто не се обидуваат да ја контролираат инфлацијата. Она што мора да го направи Владата е да воведе ценовни контроли, односно да ги замрзне цените на основните прехранбени производи. Второто што мора да го направи е да ги замзрнат цените на нафтените деривати, кои се исто така многу поскапени. Друго што мора да направат е да ги покачат платите на работниците, не можат тие со декрет да ги покачат платите на сите работници, но можат да ги покачат платите во јавниот сектор – тоа што го бара синдикатот веќе пола година и што тие тврдоглаво го одбиваат. Третото што мора да го направат е поголеми државни трансфери, односно социјални трансфери, особено за најсиромашните и најранливите, изјави Бранимир Јовановиќ – Економски истражувач

За предупредувањето на Светска банка не е изненаден ниту ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини. И тој смета дека не очекува низок економскиот раст кој што ќе биде проследен со висока инфлација

Реклама

„Ваквото предупредување треба сериозно да се сфати бидејќи рецесијата според последниве економски случувања е се поизвесна“, изјави Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии

Во извештајот на Светската Банка меѓу другото пишува дека инфлацијата достигнува историски нивоа и најмногу ги погодува сиромашните, поради тоа фискалните политики мора да ги таргетираат најранливите категории.

Проекциите за раст се намалени на 2.1% годинава и на 2,7 односно 2.9% во следните две години. Со тоа, Македонија е меѓу најлошо рангираните земји во извештајот. Зад нас се само Украина, Русија, Белорусија и Молдавија – земји или директно вклучени во војната или на самата граница.

Лидерот на опозицијата смета дека сето ова е очекувано после, како што вели, погрешните економски политики што ги води власта.

Ние за стагфлацијата односно низок раст и висока инфлација зборувавме уште пред неколку месеци. И кога предупредувавме на тоа, никој не го сфаќаше тоа сериозно. Еве денеска за жал тоа ни се случува. Стагфлацијата е практично последица на лошото менаџирање, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Од Владата пак се правдаат дека сето ова било последица на војната и на пандемијата.

За фискалната политика е задолжена Владата, за монетарната политика е задолжена Народната Банка. Во однос на стагфлацијата тоа не се однесува само на Македонија, вие ако го читате извештајот за Македонија тогаш можете таа претпоставка да ја видите но ако ги читате извештаите и за другите земји тогаш ќе ја најдете истата претпоставка, изјави премиерот Димитар Ковачевски

Во извештајот се предупредува и дека во услови на сериозни надворешни шокови Македонија има ограничен простор за натамошни задолжувања со кои би им се помогнало на граѓаните и на стопанството. Светска Банка наведува дека јавниот долг годинава ќе биде 59.4% од БДП, а во следните две ќе продолжи да расте и ќе достигне 59.9 односно 61.4%.

Бојана Златкова