Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Економисти за Алфа: Мерките на власта се повеќе козметички и нема да ги дадат посакуваните ефекти

Многу фалби, малку ефекти. Мерките за амортизирање на ударот од инфлацијата кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу фалби, малку ефекти. Мерките за амортизирање на ударот од инфлацијата кои ги донесе власта не ги даваат посакуваните резултати и не го смируваат револтот кај граѓаните. Состојбите и натаму се проблематични, а допрва може да станат и подраматично со доаѓањето на зимата која сама по себе носи поскапи трошоци за живот. Експертите не се оптимисти и предупредуваат дека проблемот е во стратегијата на власта која содржи многу козметика, а малку економска логика.

Наместо линерано зголемување на пензиите за 3.500 денари, поместување од  само 5,3%, платите пораснаа за 10% ама не за сите, цените на храната се замрзнаа, но не доволно, и капак на се инфлациjата за која се тврди дека е потсмирена, ама само на хартија. Сликата на македонската економија е далеку од онаа што се обидува да ја прикаже власта. Или како што критикуваат економистите, шминкањето не може да ги покрие реалните состојби за кои велат дека не чинат. Последните мерки кои се промовираа според дел од нив се повеќе козметички и нема да дадат позначителен ефект на долг рок.

Дека ваквите мерки нема да го дадат посакуваниот ефект вели и економистот Абил Бауш. Спорд него, замрзнувањето на цените било само козметичка мерка, а минималното зголемување на платите и пензиите немало сериозно да им помогне на граѓаните кои едвај крпат крај со крај во ек на криза.

Реклама

Покрај нискиот животен стандард, на врата ни тропа и зимата, која сама по себе носи и дополнителни трошоци. Експертите не се оптимисти и предупредуваат дека граѓаните допрва ќе се соочат со предизвиците

Според последните податоци, меѓу 25% и 30% од населението живее во енергетска сиромаштија. Според статистиките на „Евростат“, само во 2020 година 1/3 до 1/4 од луѓето во земјава можеле задоволително да го загреат домот. Што се однесува до последната мерка за замрзнување на цените, економистите сметаат дека ваквите мерки даваат резултат само на краток период, додека на подолг – ќе се појават други аномалии на пазарот кои пак ќе паднат врз грбот на и онака осиромашениот граѓанин.

Борис Грујоски