Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Прилози

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Шумски пожари беснеат во поголемиот дел од Европа, а најтешко погодени се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шумски пожари беснеат во поголемиот дел од Европа, а најтешко погодени се Франција, Грција, Шпанија и делови од Португалија. Екстремното топло време, сушата и силниот ветер беа причина за огромните пожари неконтролирано да се шират. Во Грција животот веќе го загубија тројца, а во Франција четворица пожарникари во битката со огнените стихии. Стотици илјади жители и туристи во  Грција се евакуирани, а Европскиот координативен центар за реагирање во вонредни ситуации предупредува дека ризикот од нови пожари останува исклучително висок поради температурите кои во делови од континентот достигнуваат и над 40 степени. За среќа во Македонија засега нема поголеми пожари но надлежните се во целосна подготвеност за брза реакција доколку се појави опасност од нови жаришта.

„Во текот на месец јули дневно имавме најмалку 15 до 20 пожари на отворен простор. Пожари кои не се за потценување. Секојдневно имаме по неколку пожари кои имаат огромен капацитет да се рашират во големи пожари на отворен простор и во шумски пожари. Благодарение на брзиот почетен одговор на локалните пожарникари во повеќе наврати благоарение на трите ер трактори на дирекцијата ги сечеме овие пожари би рекол во прва фаза пред истите да се рашират“, изјави Стојанче Анѓелов – директор на ДЗС.

Посебен акцент годинава ќе биде ставен на спречување на човечкиот фактор, кој и натаму е најчеста причина за избувнување шумски пожари. Во моментов важи забраната за движење во шума која стапи во сила од 1 јули. Од Дирекцијата за заштита и спасување најавуваат засилена координација со сите надлежни институции, почести контроли на ризичните подрачја и апелираат граѓаните да бидат крајно внимателни при престој во природа, бидејќи и најмала невнимателност може да предизвика пожар со сериозни последици.

Реклама

„Најголемиот дел од пожари се предизвикани од невнимание и небрежност, Имаме и број на пожари  кои се злонамерни предизвикани, некогаш од криминални и други мотиви, но тоа го очекуваме и ова лето и тоа е она што нас не плаши. Кога ги подметнуваат намерно пожарите а тоа минатото лето го имавме во повеќе случаи. тие се палат оддеднаш на повеќе точки“, изјави Стојанче Анѓелов – директор на ДЗС.

Надлежните повторно апелираат секој што ќе забележи чад или пожар веднаш да ги извести службите. Велат дека токму навремената пријава и брзата реакција се најсилното оружје во спречувањето огнената стихија да се прошири и да предизвика поголеми материјални и еколошки штети.

Според Европскиот информациски систем за шумски пожари – EFFIS, само во земјите на Европската Унија, од почетокот на годинава до 22 јули, изгореле повеќе од 254 илјади хектари, што езначително над просекот за истиот период во последните две децении.