Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Економија

Дуалното образование – Можност за задржување на младиот стручен кадар во земјава

‘-Дуалното образование – можност за задржување на младиот стручен кадар во земјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

‘-Дуалното образование – можност за задржување на младиот стручен кадар во земјава –

Додека бројот на младите кои ја напуштаат земјава загрижувачки брзо расте, а бизнис-секторот мака мачи со недостигот од работна рака, координацијата помеѓу образованието со реалните потреби на стопанството е неминовна, сметаат македонските стопанствениците. А германскиот модел на дуално образование, кое кај нас, како пилот-проект се практикува веќе неколку години во одредени средни училишта е само еден од тие чекори, оценуваат тие.

  • „Она што долги години се практикувало во минатото да има интензивна практична настава, ние имавме еден период на дисконтинуитет во тој дел. Значи училиштата, стручните училишта се соочија со недостаток на можности, па и компании, па и средства за да можат да ја реализираат практичната настава. Очигледно беше дека компаниите мораа да ги отворат вратите и да понудат практична настава за стручните училишта“, – кажа Орде Ѓорѓиоски, директор по правни и општи работи во АД „Витаминка“.

Вклучувањето во дуалното образование на некои компании, веќе ги дава првите очекувани резултати, вели Ѓорѓиоски. Па така, деновиве „Витаминка“ веќе ги потпиша и првите договори за вработување на тројца најталентирани и најуспешни матуранти кои своето средно образование го завршија во струката – техничар за индустриска мехатроника.

Реклама
  • „Станува збор за германски модел на дуално стручно образование во кое ние сме вклучени како компанија уште пред неколку години. Со чинот на вработувањето на учениците сакаме да испратиме јасна порака дека концептот е апсолутно добар, дека го поддржуваме и дека веќе има видлив резултат од самиот проект“ – посочува Ѓорѓиоски.

Витаминка АД Прилеп продолжува да обезбедува практична настава и целосна поддршка уште на петнаесетина други ученици од профилот – техничар за индустриска мехатроника.

Инаку, за практичната работа во компаниите, учениците од дуалното образование добиваат и месечен надоместок во висина од 50 евра, а на крајот од образованието, покрај дипломата, добиваат и соодветен серификат, кој документ, според покровителот – Германската стопанска делегација, би требало младите да ги задржи дома, а не да им биде виза за побрзо нивно иселување. На овој став се и од компаниите – учеснички, бидејќи, како што велат, младите вработени лица тука имаа солидни шанси и за градење кариера, но и за солидна заработувачка.

Каролина Дурло