Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

Вработените во УЈП ќе протестираат секојдневно

Администрацијата излегува на протест. Од денеска вработените од УЈП секој нареден ден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Администрацијата излегува на протест. Од денеска вработените од УЈП секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски во канцелариите. Како што најавија синдикалните претставници, веќе се влезени во постапка за организирање на генерален штрајк.

Инаку, вработените на УЈП и во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред Министерството за финансии. Побараа средба со министерот Фатмир Бесими, но тој не ги прими – со изговор дека се подготвувал општ колективен договор и дека периодов не можат да преговараат поединечно. Вработените тврдат дека претходно со министерството бил постигнат договор, но од непознати причини тој се уште не е потпишан од Бесими. Документот го пратиле до финансии, но се уште останува нејасно зошто министерот го чува во фиока и не го потпишува. Тие веќе предупредија дека ако не исполни договреното ќе бидат приморани да одат на генерален штрајк со целонса блокада на работата, а тоа ќе значи колапс за целата држава. Револт се зголеми откако министерството за финансии, под чија надлежност се тие, ги зголеми платите за 30%, но само за вработените во финансии. Инаку веќе од утре, протест најавија и од царинската управа. И тие бараат зголемување на платите и рекоа дека доколку не се слушне нивното барање, ќе се радикализираат, па дури и ќе затворат дел од граничните премини.