Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Во Битола промовиран албум со цртежи на македонски народни носии

НУ Центар за култура Битола, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

НУ Центар за култура Битола, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ и во соработка со Музеј на Македонија, приреди промоција на репринт Албум на македонски народни носии издадени во 1963 година со цртежи од Олга Малахова и Олга Бенсон, збирка чиј уредник е Вера Кличкова.

Пред аудиториумот во Битола, Александар Ристовски, директор на Музеј на Македонија, истакна дека репринт изданието е изработено затоа што е многу вредно.

– Музејот на Македонија е матична и најголема установа со збирка од над 20.000 предмети. Изданието што денес го претставуваме пред јавноста е старо повеќе од 60 години, фантастичен приказ на нешто многу вредно и затоа ние направивме реиздание кое, според нас, е грандиозно. Ние како институција ќе продолжиме со проекти од овој тип за што очекуваме поддршка од младите кои ја почитуваат и негуваат традицијата, рече Ристовски.

Реклама

Во албумот со цртежи од 1963 година, чиј воведен дел го подготви Вера Кличкова, а редакцијата е на Аница Петрушева, застапени се комплетни носии, делови од носии сочувани долго време, посочи промоторот професор д-р Владимир Јаневски.

– Се почнува во првите години од 20 век кога се отвораат музеите, кога Македонија како земја станува се поархаична. Збирката содржи цртежи, а не фотографии и се работени во време кога било поевтино да се црта отколку да се изработуваат скапи фотографии. Олга Малахова и Олга Бенсон не цртаа само носии, тие цртаа архитектура, покуќнина…потсети Јаневски.

На промотивниот настан беше истакнато дека најголема заслуга за репринт изданието има Благојче Тасевски затоа што, како што беше речено, албумот стана ексклузивен.