Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Владата и синдикатите денеска треба да стават парав на договорот за платите, синдикатите се скараа – КСС се против

Владата и синдикатите денеска треба да стават парав на договорот кој го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и синдикатите денеска треба да стават парав на договорот кој го постигнаа за 10 отсто покачување на платите и 10 илјади денари регрес за годишен одмор.

Ова е решението кое беше постигнато на последниот економско социјален совет и ќе важи до 2025, од кога пак просечната плата ќе стане основица за плати во јавниот сектор, а к-15 ќе биде 30 отсто од висината на просечната плата во изминатата година.

Постигнатото решение ги раскара синдикатите. Од ССМ објаснуваа дека договореното е дел од општиот колективен договор, а секој синдикат посебно може да побара и да преговара за повеќе. На конечното потпишување на општиот колективен договор, му претходеа низа протести и штрајкови. Дијалогот повеќе од година и половина не мрдна од мртва точка, а владата се одлучи да направи чекор напред откако со генерален штрајк се заканија вработените во УЈП и во царина.

Реклама

Конфедерацијата на слободни синдикати кажаа дека нема да го потпишат ваквиот колективнен договор, бидејќи според нив со овој договор нема никакво покачување во 2024 година, а според нивната пресметка следното покачување ќе биде само 3 проценти во 2025. Тие бараат согласно законот за минималец, да се усогласат платите во 2024, а со општ колективен да се поништуваат сите колективни договори.

https://youtu.be/t1CtQbhkovY