Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Цената на нафтата на светските берзи варира од минута во минута, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на нафтата на светските берзи варира од минута во минута, но Владата уверува дека граѓаните не треба да се загрижени. Тенденцијата е и во иднина Македонија да остане земја со најниски цени на горивата во регионот. Токму поради тоа, будно се следи состојбата и ако треба веднаш ќе се реагира во заштита на стандардот на граѓаните, уверува Премиереот Хриситјан Мицкоски.

„Граѓаните треба да бидат спокојни. Ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и дизел горивото. Иако тоа е берзански производ, ќе повторам не е производ кој што зависи од тоа дали некој е подобар или полош претприемач или подобар или полош политичар, туку е берзански производ. Сите купуваме од исто место, но за разлика од земјите во регионот ние имаме убедливо најниски цени и таа политика ќе продолжиме да ја водиме во периодот што следи и се разбира промтно ќе реагираме ако е потребно“, смирува Мицкоски.

Паралалено Македонија ги следи и последните одлуки на САД во однос на воведувањето дополлнителни царини за над шеесетина земји. Македонија не е погодена од овој нов бран на дополнително тарифирање. Мицкоски, вели дека во моментов и ние, но и Србија и останатите земји во регионот имаат царини, но не се воведуваат дополнителни обврски за плаќање кон САД , како што тоа е случај со земјите од Европската Унија, пред се Германија и Франција.

Реклама

„И сега ова е најновото коешто беше објавено од страна на администрацијата на САД, а тоа се различни тарифи. За европа е меѓу 10% и 12,5%, тоа се 60 држави во Светот  коишто повторно на оние тарифини дефинирани со Светската трговска органзиација ќе имаат дополнителни обврски за плаќање. Не сме ние во таа група, но тоа не значи дека немаме царини. Тоа не значи дека и Србија нема царини. Има и Србија исто како што и тие држави коишто не се на тој список од 60 земји, но ние нели цениме дека како стратешки партнер со САД конечно може да соработуваме онака како што заслужуваме и како што треба да соработуваат стратешки партнери“, дополни Премиерот.

САД во 2025 година првпат воведоа дополнителни царини за Македонија, како дел од поширокиот пакет трговски мерки што опфати десетици земји. По повеќемесечни преговори од страна на македонската влада и претставници на САД, дел од овие царини беа намалени, а во меѓувреме американските судови укинаа дел од мерките, оценувајќи дека не биле донесени на соодветна законска основа.