Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Додека опозицијата блокира, Владата активно работи на реформскиот пакет. Со засилена динамика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека опозицијата блокира, Владата активно работи на реформскиот пакет. Со засилена динамика веќе течат активностите околу законите, чиј рок е до крајот на годинава. Македонија од Брисел повторно добила пофалби дека е една земјите лидери во исполнувањето на Планот за раст, кој диреткно за македонските граѓани носи милиони евра европски пари. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека утринава имал онлајн состанок со директорот за проширување во Евроспката комисија, Герт Јан Коопман, на кој биле повторени заложбите за работа на раформите.

-Разговараме веќе за оние закони и оние реформски чекори кои што се во грејс период до декември оваа година и кој што се во предвидениот рок од декември оваа година. Така што ние продолжуваме со несмалена динамика да испорачуваме. Денеска од нивна страна добивме условно да кажеме и одреден комплимент дека сме први од сите земји кои што започнуваат со овие чекори да се занимаваат, додека другите се уште немаат таква намера, изјави Мицкоски.

Од обврските кои требаше да бидат завршени до 15-ти јули, Македонија исполни 9 од 10 точки, поради блокадите на опозицијата, неисполните се само измените во изборниот законик. Мицкоски потенцираше дека речиси сите оние закони кои се во редовна процедура се завршени. Повоторно ги повика опозициските партии да напишат каков сакаат текст, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, со вклучено гласање на дијаспората, и тие како владејачко мнозинство веднаш ќе го прифатат.

Реклама

-Апелирам на одговорност, на зрелост кај претседателите на СДСМ, на Левица, на ДУИ, на останатите формални или неформални групи во Парламентот. Да седнат како коалиција да се договорат и да донесат документ, кој што еве ние веднаш ќе го прифатиме. Така што, мислам дека треба зрело да се однесуваат претседателите на политичките партии СДСМ, Левица и ДУИ, изјави Мицкоски.

Инаку, поради блокирањето на изборниот законик Македонија остана без нешто повеќе од четири милиони евра европски пари. Тие се дел од вкупниот пакет предвиден за државава, во вредност од 750 милиони. За успехот на реформскиот пат, пред две недели од Скопје потврда стигна и од еврокомесарката за проширување Марта Кос, која порача дека Македонија е меѓу лидерите, со исполнети 90 проценти од планот за раст.

Матеја Петровски