Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Судство, обвинителство, пресуди, корпција – Брисел утре треба да ја соопшти својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судство, обвинителство, пресуди, корпција – Брисел утре треба да ја соопшти својата оценка до каде напредувала Македонија во однос на владеењето на правото. Очекувањата се дека европкста комисија ќе изрази задоволство од постигнатото, но секако ќе има критики во однос на судството. Позитивната оценка секако би се потпирала на фактот што Македонија има спроведено цели 50 отсто од Планот за раст на ЕУ и тоа е охрабувачки резултат.

Отприлика имаме 50-тина отсто исполнетост од планот за разст што е задоволително, но може и многу подинамично и побрзо, особено што на почетокот се доцнеше, но извештајот ќе нотира задоволство барем од таа реформска динамика што се зголеми во изминатата половина година и од крајот на минатата, изјави за Алфа ТВ, Марко Трошановски, претседател на Социетас цивилис.

Забелешни во извештајот се очекувани во делот на судството, иако во меѓувреме се донесени законски решенија кои се во согласност со европското законодавство, а завршен е и значителен дел од реформите во правосудниот систем. Главните забелешки речиси сигурно ќе бидат неефикасноста, селективноста и се уште присутната партизација во судството, а секако дека од Европската комисија нема да заборават ниту на борбата со корупцијата.

Реклама

Во делот на корупцијата очекувам да се констатира постоење на системска корупција во различни сектори, како и недоволни резултати во борбата со високата корупција. Иако и тука имамвме чекори, позитивни би рекол, на обвинети високи функционери, но бидејќи процесите не се завршени, тоа прави сомнеж дали борбата со корупцијата е целосно посветена, вели Трошановски.

Пред неколку дена, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека МАкедонија е најнапредната земја во регионот, кога е во прашање реформската агенда на европската Унија.