Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода

Талентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик, утрово од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик, утрово од Општина Кисела Вода заминаа на летен спортско-едукативен камп во Охрид. Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се обезбедени шест полни пансиони – информираат од Општина Кисела Вода. 

За квалитетното исполнување на времето на децата за време на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и рекреатори, како и лекар, кој ќе ја следи нивната здравствена состојба.

-Ми претставува посебно задоволство што денес ги испраќаме овие деца на заслужен летен одмор. Фокусот ни е насочен кон децата кои се во социјално ранлива положба, но и кон нашите талентирани спортисти, кои со својот труд и залагање заслужија да бидат дел од овој камп. Сакам сите да уживаат во летото, да градат нови пријателства и да се вратат дома со прекрасни спомени. Вложувањето во нашите најмлади останува наш приоритет-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска која утрово ги испрати учениците посакувајќи им среќен пат, безбедно патување и незаборавно летување.