Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Бесник Џемаили избран за заменик-претседател на ДКСК

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Бесник Џемаили, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Бесник Џемаили, е избран за заменик-претседател на ДКСК, функција што ќе ја врши шест месеци.

Изборот на заменик-претседател на ДКСК е извршен по принцип на ротација, а редоследот е утврден според азбучен ред на презимињата на членовите на ДКСК, појасни претседателот Адем Чучуљ.

– Мандатот на актуелната заменик-претседателка на ДКСК, Софија Спасова-Медарска, ѝ завршува на 18 август, а мандатот на новиот заменик-претседател Бесник Џемаили ќе почне на 19 август оваа година – истакна Чучуљ, чиј предлог едногласно беше прифатен.

Реклама

На денешната седница на ДКСК претседателот Чучуљ информира дека Комисијата евидентирала 30 лица што биле избрани, именувани или им престанал мандатот во април, кои не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и судир на интереси во законски рок. За сите лица, истакна Чучуљ, ќе бидат поведени постапки за прекршок и изречени казни.

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска донесоа 51 одлука за исто толку предмети од познат или непознат подносител на пријава до ДКСК.