Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Безбеден град се воведува и во Дебар

Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар, со цел да ја подобри контролата на сообраќајот, да ги намали незгодите и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку поставување на безбедносни камери и контрола на брзината.

-Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои наскоро ќе бидат во фаза на техничко тестирање а прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите и дел од опремата се поставуваат на повеќе локации, на кружниот тек во близина на општинската зграда, на крајот од булеварот Илирија, на патот кон Струга, како и на локации каде фрекфенцијата е поголема, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека до целосното активирање на системот, сообраќајната полиција продолжува со засилени контроли со мобилни електронски камери, со цел поголема безбедност и помал број сообраќајни незгоди.

Реклама

-Системот ќе придонесе кон намалување на брзото возење, опасното претекнување и непрописното паркирање, особено во периодот на зголемен туристички сообраќај. Целта на „Безбеден град“ е намалување на сообраќајните прекршоци и незгоди, како и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, нагласи Димоски, упатувајќи апелира до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.