Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни надзори во Гостиварско со кои беа опфатени угостителски објекти, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници и производители на храна.

Главниот акцент при контролите беше ставен на тоа дали операторите ја почитуваат донесената забрана за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем.

Инспекторите констатираа дека кај сите контролирани објекти забраната за пиење и миење садови се почитува, односно за работните процеси се користи пакувана и безбедна вода, како и прибор за еднократна употреба.

Реклама

Сепак, при надзорите беа утврдени други неправилности, при што беа затекнати 11 нерегистрирани правни лица на кои им е изречена привремена забрана за вршење дејност.

Кај 18 оператори е констатирано дека вработените немаат задолжителни здравствени прегледи, додека кај 5 објекти не биле спроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Затекнати се и двајца оператори кои пуштиле во промет 18 килограми небезбедна храна, вклучувајќи виршли, млечни производи и салами, кои веднаш биле нештетно уништени.

Вкупно се изречени 30 парични казни во висина од 7.750 евра во денарска противвредност, заедно со 12 забрани за вршење дејност, опомени и наредби за отстранување на недостатоците.

АХВ апелира до граѓаните и бизнисите да продолжат со почитување на забраната за водата од градскиот водовод со цел намалување на бројот на заболени лица.

Сите неправилности може да се пријават во подрачните единици на АХВ, електронски на [email protected] или на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22.на во маркетите, но сепак тие нема да отстапат од контрола во производствените погони.