Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Опозициските партии останаа неми при секој апел за консензус со владејачката коалиција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициските партии останаа неми при секој апел за консензус со владејачката коалиција, околу договорот за измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ-ОДХР. Не помогна ниту тоа што власта вети дека ќе прифати секаков заеднички предлог од СДСМ, Левица и ДУИ, доколку бидат согласни на дијаспората да ѝ се овозможи гласање во поголем обем. Во апелот се вклучија и претставниците од ЕУ, потсетувајќи дека законот е дел од реформската агенда на владата и директно поврзан со финансиската помош што Унијата ѝ ја доделува на Македонија, но и тоа не помогна.

Професорот Јове Кекеновски, смета дека вината за пропаднатите преговори, во моментите кога македонските политички субјекти можеа и мораа да покажат чувство за конзенсус, паѓа исклучиво врз лидерите на опозициските партии во парламентот.

Жално е што сега последниот бенчмарк не можеме да го исполниме и очигледно товарот на одговорноста треба да падне на опозициските партии, како на СДСМ, така на Левица и на ДУИ. Мене ми е жал што на донесување на изборен законик, се пристапува од аспект која политичка партија ќе добие или ќе загуби плус минус неколку илјади гласови“, вели Кекеновски.

Реклама

Камен на сопнување за власта и опозицијата беше гласањето на дијаспората, односно желбата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери да им се овозможи на привремено иселените граѓани во поголем број да гласаат на изборите.

Кекеновски е дециден дека државата е обврзана на своите државјани да им го олесни гласањето, а правото на избор не завршува на државната граница.

Една современа деморатска држава мора да ги охрабрува своите граѓани и да им овозможи на своите државјани коишто живеат надвор од државата учество во политичкиот живот, без разлика дали живеат во Скопје, Битола, Дебар, Цирих, Њујорк или Белград. Мора да разберат дека избирачкото право не завршува на државната граница“, додава професорот.

Според Кекеновски, демократскиот развој се мери според тоа колку една држава вложува напор секој нејзин државјанин да може да гласа на изборите.