Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

„Зошто ваково нешто повторно се случи“- Црна Гора мора да преземе нешто

Зошто вакво нешто повторно се случи, државата мора системски да реагира, порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зошто вакво нешто повторно се случи, државата мора системски да реагира, порача градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, после големата трагедија во Црна Гора во која беа убиени 12 луѓе. Според него, државата тоа им го должи на жртвите и нивните семејства.

-Сите треба да се запрашаме – зошто вакво нешто повторно се случи и зошто како општество го дозволивме тоа. Државата мора системски да реагира. Тоа им го должиме на жртвите и нивните семејства. Одговорноста мораме и сакаме јасно да ја бараме, изјави Ѓурашковиќ.

По масакрот на први јануари во Цетиње, денеска беше одржана комемаротивна седница во чест на жртвите. Градоначалникот на Цетиње, Ѓурашковиќ истакна дека со тагата која ги обедини сите, се собрале пред еден од најтешките предизвици што ја погодил заедницата.

Реклама

-Уште една незапаметена трагедија ги погоди Цетиње и Црна Гора. Загубата на 12 животи не остави во шок и неверување. Особено боли загубата на двајца ангели, симболи на невиноста. Оставија празнина во нашите срца. Единствено што можеме е да изразиме искрено сочувство на семејствата и да им помогнеме во нивната болка, изјави Ѓурашковиќ.

На комеморацијата присуствуваа претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора Ервин Ибрахимовиќ, бројни министри од Владата на Црна Гора, претставници на локалната власт, како и членови на семејствата на трагично загинатите. Поради трагедијата на Цетиње, во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост на 2, 3 и 4 јануари.

Инаку, во Цетиње слична трагедија имаше и пред две години. Тогаш убиени беа 10 луѓе. Во Црна Гора во моментов се размислува за идејата за разорушување, односно граѓаните да го предадат оружјето кое нелегално го поседуваат.

Матеја Петровски