Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Низа неодговорени прашања – за што разговарал Филипче со Боки 13?

Која била неопходноста од разговори за изградба на болница со народни пари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Која била неопходноста од разговори за изградба на болница со народни пари во удобноста на домашен амбиент на приватен имот? Зошто такви средби наместо по дома, Филипче не одржувал во министерскиот кабинет?

Низа прашања останаа „да висат“ по сведочењето на Орце Камчев во случајот „Рекет“, оти на една од средбите во домот на Боки 13 заедно со Зоран Милески – Кичеец, кој веќе призна дека примил награда за противзаконито влијание, а доби три години казна затвор, присуствувал и министерот за здравство. Кусо потоа и Филипче потврди оти бил кај Боки дома под изговор – се разговарало за проект за изградба на бoлницa.

Филипче не раскажал пред обвинител што се случувало кога тој бил на гости кај Боки на разговори за јавно-приватни партнерства.

Реклама

-Надлежниот обвинител што постапува по предметот во текот на постапката оценува кое лице и кога ќе биде повикано. Во моментов лицето за кое покажувате интерес не е повикано од страна на обвинителството да даде исказ, соопштуваат оттаму.

Од Јавното обвинителство за Алфа додаваат дека  не е повикан ниту адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, за кого Камчев сведочеше оти бил присутен на средби кога од неговата сопруга Ана, се барале четири, шест, па осум милиони евра за купување на слобода за случајот „Империја“.

За потсетување Весна Димишкова е судијката која го ослободи Зоран Заев за случајот „Поткуп“, а таа го потпиша и налогот кој и овозможи на Катица Јанева да влезе и да изврши претрес во УБК, како и да се изврши увид во станот на сега покојниот Коста Крпач.

Сања Трајковска Ставров