Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ЗОО Скопје: Викендов угина лама заразена со Туберкулоза, болест за која не постои лек

„Во изминатиот период, во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, лекувавме и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Во изминатиот период, во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, лекувавме и терапиравме лама која, иако беа преземени сите медицински мерки и грижа, за жал, угина. Обдукцијата и PCR тестирањето на оваа лама покажаа дека е заболена од туберкулоза, болест која се појавила пред повеќе од пет години. За оваа болест кај животните не постои лек ниту вакцина, а често болните единки не покажуваат симптоми и со години.“ Ова го објавија од ЗОО Скопје.

Оттаму додаваат дека веднаш по смртта на ламата, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, беа направени туберкулински тестови на сите преостанати лами, кои сега се под редовен медицински надзор.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Стефан Кирков, ја пренесе трагичната смрт на животното, посочувајќи го работењето на ветеринарната служба во ЗОО Скопје, која според него е составена од нестручен кадар, неспособен за професионално справување со здравствените проблеми на животните.

Реклама

Како се лекувани овие животни и кој ги лекувал? Дали патолошкиот наод и истрагата ќе покажат повеќе? Подолго време апелирам дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар, а ветеринарот е лице кое, до пред една година, било аниматор за детски родендени. Не го оспорувам неговото образование, но сомневам во неговото искуство, а по се што се случи, и сите се сомневаме, посочува Кирков.

Од ЗОО Скопје одговорија на овие критики, истакнувајќи дека сите животни кои имаат здравствени проблеми се лекуваат во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина.

ЗОО Скопје постојано соработува со специјалисти и професионалци од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите животни кои имаат потреба од медицинска помош или хируршка интервенција ги испраќаме таму, каде добиваат стручна грижа, велат од ЗОО Скопје“.

Дополнително, од ЗОО Скопје информираа дека во 2024 година се родени 33 животни, а 15 животни починале, од кои голем дел биле во длабока старост. Во ЗОО Скопје моментално има околу 500 животни од 85 различни видови.